Стандард
КОМПАНИИ

Волстрит брка уште една голема кинеска компанија

Голема кинеска нафтена компанија која тргуваше на берзата на Волстрит со децении, стана последната жртва на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.

Имено, њујоршката берза во петокот објави дека ќе ја отстрани CNOOC, третата по големина кинеска нафтена компанија и најголемиот странски производител на нафта, од пазарот. Акциите на таа компанија ќе престанат да тргуваат веќе на 9 март, објави берзата.

Берзата соопшти дека има за цел да се усогласи со наредбата потпишана од поранешниот претседател Доналд Трамп во ноември, со која им се забранува на Американците да инвестираат во компании за коишто американската влада се сомнева дека се или во директна сопственост или контролирани од кинеската војска.

Си-Ен-Ен Бизнис објави дека ова е четврта кинеска компанија што претрпела ваква казна од американските власти. Берзата во јануари соопшти дека ќе стави крај на тргувањето со акциите на China Mobile, China Telecom и China Unicom, со цел да се почитува наредбата на Трамп. Акциите на овие компании беа отстранети од берзанските листи.

Акциите на CNOOC се тргуваа во Њујорк од 2001 година. Компанијата во неделата објави дека „жали“ за одлуката на берзата и предупреди во апликацијата на берзата во Хонг Конг дека бришењето од американската листа може да влијае на цените и количините на акциите. Таа додаде дека „внимателно ќе го следи“ понатамошниот развој на настаните.

Акциите на CNOOC котирани во Хонг Конг паднаа за 1,1% во понеделникот.

Ова не е прв случај в да биде мета на Вашингтон, потсетува Си-Ен-Ен. Неколку дена пред Трамп да ја напушти Белата куќа во јануари, Министерството за трговија на САД ја додаде оваа компанија на списокот, со што се спречи пристапот до резервите и технологијата на САД.

Во тоа време, министерот за трговија Вилбур Рос го нарече CNOOC „насилник“ контролиран од кинеската војска и тврди дека ги малтретирал другите земји за истражување на морето и гасот во Јужното кинеско море.

Пекинг постојано ги критикуваше ваквите ограничувања како злоупотреба на моќ од страна на САД.

Одлуката за отстранување на CNOOC од берзата сугерира дека Вашингтон е сè уште подготвен да изврши притисок врз Пекинг во некои области додека претседателот Џо Бајден го започне својот мандат.

Минатиот месец, администрацијата на Бајден истакна дека новиот претседател сака да остане цврст кон Кина. Во разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг, Бајден „ги истакна неговите основни грижи во врска со присилните и нефер економски практики на Пекинг, притисокот на Пекинг во Хонг Конг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и сè понаметливите практики во регионот, вклучувајќи го и Тајван“, соопшти Белата куќа претходно.

Додека Бајден постигна попредвидлив и дипломатски тон од неговиот претходник, аналитичарите не очекуваат значително „олеснување“ на мерките против Кина и нејзините компании.

Поврзани вести

„Голдман Сакс“: Вакцината е поважна за пазарите отколку изборите

msp-admin

АСОМ: Согласно новите мерки за заштита од Ковид-19, нема да нудиме угостителски услуги во нашите објекти по 23 часот

msp-admin

Rimac го презема Bugatti?

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!