СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Помала плата или поголем стрес: Што би избрале?

Знаеме што ќе кажете: Што ако работам напорно, а сепак имам мала плата и многу стрес? За жал, ова е реалност за многумина, но општото правило, барем кај компаниите што следат соодветна корпоративна политика, е дека повисоките позиции „повлекуваат“ поголема заработка, но и повеќе одговорности, обврски, дилеми, одлуки.

Ваквото искуство не е само имагинарно и не е невообичаено ниту во Македонија, туку зависи од тоа каде работите и во кое опкружување се движите. Има некои наши сограѓани кои верувале или не, се задоволни од својата работа – иако денес скоро стана практика работниците да се жалат на работата 24/7.

Има и такви кои се на мислење дека можеби нивната плата не е висока, но затоа никој не ги „малтретира“, не работат прекувремено, не се занимаваат со големи проекти што им носат стрес и голема одговорност. Тие, на пример, не би се менувале со своите менаџери.

Од друга страна, сигурно има многу работници кои се посветени на работа и страдаат од стрес, а нивните услови се лоши, исто како што има и оние со огромна плата – чија работа воопшто не е тешка и оптоварувачка. Можеме да најдеме секакви понуди на пазарот на трудот, а професијата, исто така, игра важна улога во сè.

Не би поверувале колку често програмерите ги користат услугите на психотерапевт, токму поради проблеми при работа. Нивната плата е одлична, работат работа во професијата, денес сите ги бараат, добри компании „се борат“ за вакви експерти … Кој е проблемот? Во стресот. Затворена атмосфера, натпреварувачки дух, слаба комуникација, строги рокови.

Вработените, особено за време на пандемијата, сфатија колку е важно општото, психо-физичкото здравје, а сега повеќе од кога било ја ценат „здравата атмосфера“ на работа, дури и ако заработката е мала. Многумина ќе ви кажат „мирот нема цена“, дури и оние кои се на челните позиции.

Не е лесно да се повлечеш од некои позиции, да направиш чекор назад, да работиш за помала плата – и затоа многу директори, менаџери и други на врвот на пирамидата во тимот, често се жртви на „маѓепсаниот круг“, мобинг, синдром на исцрпеност при работа. Сопственикот на компанијата генерално знае што и колку да очекува од кој вработен.

Некои дури користеа време за карантин и чуваа врвни менаџери на состаноци на Интернет до 22 часот, со изговор дека „и онака седат дома“ или „треба да бидат среќни што имаат работа во време на криза, и тоа каков!“. Тешко е да побарате слични работи од неколкумина кои работат за плата под просекот – иако прекршувањата на моралните и правните норми се насекаде.

Пред неколку години, CNBC објави во студија што ја потврди оваа теорија: повеќе пари – повеќе стрес.

Според истражување на LinkedIn, луѓето кои заработуваат повеќе, изјавиле дека чувствуваат повисоко ниво на стрес, отколку оние со помала заработка. Во истражувањето биле вклучени околу 1.000 испитаници, а оние кои заработиле помеѓу 51.000 и 75.000 долари годишно во 2018 година – чувствуваат најмал степен на стрес на работа.

Но, меѓу оние кои заработуваат повеќе од 200.000 долари годишно, 70% од нив се под постојан стрес. Исто така, беше откриено дека подобро платените работни места не носат поголемо задоволство: излегува дека оние кои заработуваат повеќе од 250.000 долари годишно и оние заработуваат 75.000 до 100.000 $, се приближно подеднакво задоволни.

Студијата покажа дека дури и нема разлика помеѓу мажи и жени, кога станува збор за нивото на стрес и задоволство од работа, но има разлики во однос на возраста на испитаниците. Дури 78% од бејбибумерите се задоволни од својата работа, додека тој процент е многу помал меѓу милениумците.

Поврзани вести

Реал најмногу заработува од спонзори

Влатко Зорба

НАД 3.000 НЕДВИЖНИНИ САМО ВО РИМ: Ватикан има имот во Италија, Велика Британија, Франција, Швајцарија…

Влатко Зорба

Прогласени највлијателните модни икони во светот

Влатко Зорба