СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

НАД 3.000 НЕДВИЖНИНИ САМО ВО РИМ: Ватикан има имот во Италија, Велика Британија, Франција, Швајцарија…

Според податоците на Управата за имот на Апостолската столица (АПСА), Ватикан има голем број на имоти во Париз, Лондон и Женева, како и околу 3.000 недвижнини во Рим, пренесува АФП.

Како што е истакнато, инвестициите во недвижнини започнале уште во 1929 година, кога Латеранскиот договор на Кралството Италија и Светата Столица ја основале независната држава на градот Ватикан. Договорот со Италија вклучуваше компензација за имотот одземен од поранешната папска држава. Меѓу одземениот црковен имот се наоѓал и големиот дворец Квиринале, кој некогаш бил седиште на папата, а денес е резиденција на италијанскиот претседател. Од тогаш, Ватикан започна да ги инвестира парите во недвижен имот, и во Италија и во странство.

АПСА управува со 737 имоти во Париз со години, особено во областа Одеон и околу Елисејските полиња, со вкупна површина од скоро 56.000 квадратни метри, а чија вредност се проценува на скоро 600 милиони евра.

Во Лондон, Ватикан има 27 имоти – во близина на плоштадот Сент Џејмс, во квартот Кенсингтон и улицата Бонд, со површина од околу 4.600 квадратни метри, кои се проценуваат на околу 108 милиони евра.

Во Швајцарија, пред се во Женева и Лозана, Ватикан поседува 140 недвижнини со површина од околу 16.000 квадратни метри, чија вредност се проценува на околу 91 милион евра, пренесува seebiz.eu.

Сепак, вредноста на имотот што Ватикан ја има во Италија е огромна. Цели згради се изградени во Рим, претежно во двете главни улици кои се поврзуваат кај плоштадот Свети Петар, и пред сè во познатата „Via della Conciliazione“.

Денес, АПСА е задолжена за изнајмување на 2.400 станови, како и 600 деловни простории и продавници во Италија, што му донесе на Ватикан приход од 99 милиони евра во 2019 година. Од тоа, 15 проценти од тие имоти се на отворен пазар, додека 30 проценти се издаваат со субвенционирана закупнина.

АПСА наведува дека е тешко да се одреди вредноста на имотот во Италија, не само затоа што зградите како базиликата Свети Петар се непроценливи, туку нивната вредност може да достигне неколку милијарди евра само за недвижнини на пазарот за изнајмување.

Покрај тоа, има стотици станови управувани од министерството што ги надгледува мисионерските активности на Црквата, кои носат приходи од уште 3-4 милијарди евра, според економскиот весник „Ил Соле 24 Оре“.

Инаку, АПСА сè уште прави попис на својот имот во Италија и очекува таа работа да заврши до пролет.

Поврзани вести

Британскиот ноќен живот пред изумирање

Влатко Зорба

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: АЛСП

Влатко Зорба