СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

„Застава 5700“: Мистериозен суперавтомобил кој можеше да стане југословенско Ферари

На крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, крагуевска „Црвена Застава“ тајно работеше на неколку прототипови на автомобили кои никогаш не влегоа во производство.

Феноменалното спортско купе „Застава 5700 Исо“, чии слики неодамна се појавија на Твитер и привлекоа големо внимание, наводно е произведено во само четири примероци.

Тој прототип бил придвижуван од голем 5,7-литарски В8 мотор со 400 коњски сили. Моќната погонска единица можеше да го „натра“ елегантното „мускулесто“ купе до максимална брзина од 290 километри на час.

Проектот се чинеше толку мистериозен што дури и денес, 40 години подоцна, нема ни трага од четирите автомобили, колку што се наводно направени, а се чини дека нема ни официјална документација.

Поврзани вести

Пандемијата ја „збриша“ средната класа: Долгови и заеми повлекоа 150 милиони луѓе на дното

Влатко Зорба

Две златни медали за Винарија Камник на светски вински натпревари

Пожар проголта 80 исклучителни автомобили, сопственикот тешко ја поднел загубата

Влатко Зорба