Платформата за трговија преку Интернет eBay е отворена за можност за плаќање со криптовалути, изјави извршниот директор Џејми Јаноне.
eBay веќе го прошири својот опсег на платни инструменти и сега прифаќа, на пример, Apple и Google Pay, и ќе продолжи да разгледува други алтернативи, како што се криптовалути, рече Јаноне во интервју за CNBC во понеделникот.
Ова не е прв пат компанијата да „флертува“ со криптовалути, забележува агенцијата „ДПА“, потсетувајќи дека поранешниот шеф на eBay, Џон Донахју, во 2013 година изјави дека се подготвени да прифатат плаќања со биткоин.
Тие планови пропаднаа и нешто помалку од две години потоа, Донахју го напушти eBay.
Дел од групата на eBay некогаш беше и компанијата за плаќање преку Интернет, PayPal, но во 2015 година беше одвоена во независна компанија.
Paypal веќе прифаќа плаќања во криптовалути, посочува „ДПА“.