СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Scalefocus отвара нови модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје

Меѓународната ИТ компанија, Scalefocus која неодамна официјално го објави својот план за проширување со 300 нови инженери во Македонија, од пред неколку дена се “вдоми” во нови ултра-модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје.

Канцелариите со поглед на скопскиот плоштад, распространети на 1000 м2, се наоѓаат во деловниот комплекс “Настел бизнис центар” и нудат ентериерни решенија препознатливи за сите канцеларии на Scalefocus насекаде низ светот – дизајнирани да ги задоволат и потребите на инженерите на новото време, но и специфичните барања за определени сензитивни проекти и клиенти.

“Нашиот нов дом во Скопје е создаден да овозможува дополнителен импулс во креативната работа на нашите луѓе” – вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице во Scalefocus и додава “Заедничкиот простор за одмор и дружење за нас е подеднакво важен како и работниот, бидејќи тимскиот дух е во основата на нашата компаниска култура за создавање на големи проекти и споделување на знаење”.

Scalefocus работи со некои од најголемите компании и организации во светот, на проекти што понекогаш бараат посебни безбедносни протоколи поради сензитивноста на работата и токму затоа во новиот компаниски простор се предвидени и посебни “Security rooms”.

“Безбедните соби овозможуваат целосно безбеден развој на софтверски решенија и услуги, со јасни протоколи за влез, излез и дистрибуција на информации и луѓе“ – завршува Стојановски.

Покрај во Скопје,  Scalefocus свои канцеларии за развој има и во Софија, Пловдив, Варна и Бургас.

Поврзани вести

УПОЗ бара вонредна инспекција поради не исплатата на К-15 за 2020 година

Влатко Зорба

Бесими: Нормализиран економски развој со зголемена динамика во втората половина на 2021 година

Влатко Зорба

Владата ја усвои информација за потребата од дополнителни средства за проектот за поврзување на локални патишта