СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Со фискалната консолидација се оди кон постепено намалување на буџетскиот дефицит

Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешното гостување на „Топ Тема“ на „Телма“ ТВ посочи дека зголемувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг, во време на ковид-кризата, е реалност за скоро сите светски економии, вклучително и за нас. Тој рече дека економии како Шпанија, Италиja и Грција, минатата година го покачија државниот долг за над 20 процентни поени.

Тој вели дека сега од најголемо значење ќе бидат посткризните политики во насока на стабилизација и ревитализација на економијата, вклучително стабилизација и на јавниот долг.

– Кај јавниот долг најважно е за што ги земаме средствата и дали ќе бидеме во можност во иднина да го сревисираме. Неслучајно во Буџетот за 2021 година отидовме со среднорочно планирање. Среднорочната рамка е со 2025 година и се базира на три компоненти: план за раст – како да го зголемиме и забрзаме растот до 5,9% во 2025 година, втората компонента е буџетската консолидација и третата компонента е планот на јавните инвестиции од 3,2 милијарди евра. Со фискалната консолидација се оди кон постепено намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и на јавниот долг за да до 2025 година се намали на 58,8% од БДП. Од една страна ќе дејствуваме да ги зголемиме приходите преку подобрување на наплата, понатаму да го подобриме квалитетот на расходната страна, односно реализацијата на капиталните расходи и на крај нови извори на финансирање на дефицитот – вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Поврзани вести

Министерството за финансии очекува пад на економијата од околу 3,7 проценти

Stefanija Kuzmanovska

Мерката 14.500 денари ги задржа работниците, но дел не добија плати

Расте цената на нафтата по кризната ситуација на Блискиот Исток