Европа во моментов има дури 628 милијардери, според списокот на милијардери на Форбс за 2021 година, 117 повеќе од претходната година. Нивното вкупно богатство е три трилиони долари, третина повеќе од година порано.
Зад овие податоци се крие фактот дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не беа особено погодени од короната, туку токму спротивното.
Бројот на милијардери во светот пораснал за дури 30 проценти, според годишниот извештај на магазинот Форбс – сега има 2.755 од нив, од кои 493 се нови членови на тој елитен клуб. Скоро 90 проценти од нив денес се побогати отколку што беа пред пандемијата.
Вкупното богатство на милијардерите пораснало за дури осум трилиони долари минатата година и сега изнесува околу 13 трилиони долари, според извештајот на Форбс.
Најбогатиот човек на светот е сè уште основачот на гигантот за онлајн шопинг „Амазон“ – Џеф Безос. Неговите средства се проценуваат на 177 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од минатата година.
Втор најбогат е Елон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21 процент) на производителот на електрични автомобили Тесла, сега тежи 151 милијарда долари, што е за 126 милијарди повеќе од минатата година.
Третиот најбогат човек на светот и најбогатиот Европеец е Французинот Бернард Арно со своето семејство, чија корпорација LVMH има околу 70 елитни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живанши и Хенеси. Богатството на Арно е зголемено за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.
Четвртиот најбогат човек на светот и втор најбогат Европјанин е Шпанецот Амансио Ортега, сопственик на ланецот Зара, кој е „тежок“ 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе отколку во 2020 година. Тој е на 11-то место на Форбс список на најбогати.
Веднаш зад него е Французинката Франсоа Бетенкур Мејерс со своето семејство, ќерката и наследничката Лилијан Бетенкур, која почина во 2017 година, и која беше ќерка на Ежени Шилер, основачот на козметичкиот гигант Лореал. Таа е исто така најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари, што е за 24,7 милијарди повеќе отколку во 2020 година.