СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Нордвинд“ го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје

Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата.

Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во нивното известување.

Како што информираат од Нордвинд, информации за отворањето на летовите Москва – Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително.

Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути

Поврзани вести

Ангеловска: Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на 2018 година

Која земја има најмногу злато на Балканот?

Влатко Зорба

Деспотовски: 20 години се обидуваме да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст

Влатко Зорба