СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На 31 мај истекува рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава

На 31.05.2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој е остварен во текот на 2020 година.

Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

По истекот на законскиот рок Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2021 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година. Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).

Од Управата за јавни прходи апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време.

Поврзани вести

ССМ: Пријави на телефон кршење на работничките права

Влатко Зорба

Царовска: Компаниите што имаат капацитет за вложување да аплицираат за финансиска поддршка

Ангеловска: Фер и уставна одлуката на Владата за Колективен договор

Stefanija Kuzmanovska