СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Епл“ сака вработените да се вратат во канцелариите до септември

„Епл“ сака вработените да се вратат во своите канцеларии до септември, според меморандумот испратен до вработените претходно оваа недела.

Работниците ќе мора да се вратат на своите работни места најмалку три дена во неделата, напиша извршниот директор Тим Кук.

На некои членови на персоналот ќе им се даде можност да работат на далечина во текот на преостанатите два дена.

Екипите што треба да се видат лично ќе се вратат на работа на четири или пет дена, пренесува „Фена“, повикувајќи се на Би-Би-Си.

„Епл“ исто така им соопшти на вработените дека ќе можат да аплицираат за шанса да работат на далечина две недели годишно.

Меѓутоа, менаџерите ќе треба да ги одобрат барањата за работа на далечина.

Поврзани вести

Повеќе од 100 милиони корисници користат Apple Watch

Влатко Зорба

Гејтс на големо купува земјоделско земјиште во Америка, придобил 242.000 хектари!

Влатко Зорба

Ердоган: Ќе ја направиме Турција една од десетте најголеми економии во светот

Влатко Зорба