СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Епл“ сака вработените да се вратат во канцелариите до септември

„Епл“ сака вработените да се вратат во своите канцеларии до септември, според меморандумот испратен до вработените претходно оваа недела.

Работниците ќе мора да се вратат на своите работни места најмалку три дена во неделата, напиша извршниот директор Тим Кук.

На некои членови на персоналот ќе им се даде можност да работат на далечина во текот на преостанатите два дена.

Екипите што треба да се видат лично ќе се вратат на работа на четири или пет дена, пренесува „Фена“, повикувајќи се на Би-Би-Си.

„Епл“ исто така им соопшти на вработените дека ќе можат да аплицираат за шанса да работат на далечина две недели годишно.

Меѓутоа, менаџерите ќе треба да ги одобрат барањата за работа на далечина.

Поврзани вести

Испораките на таблети забележаа раст во 2020 година, Apple сè уште доминантен

Влатко Зорба

Потпишан Договорот меѓу Пошта и Халкбанка: Најдоцна од 1 март граѓаните ќе можат да вршат финансиски услуги

msp-admin

„Хербалајф“ треба да плати 123 милиони долари поради мито

msp-admin