СТАНДАРД life
Здравје

Овој витамин ви е потребен за слабеење

Освен што има важна улога за здравјето на коските, овој витамин го забрзува и метаболизмот и ги разградува мастите.

На човечкото тело му се потребни голем број на витамини и минерали, кои овозможуваат нормален развој и функционирање. Се покажало дека витаминот Д зазема важно место, особено за женското здравје.

Овој витамин го поттикнува производството на калциумот, го одржува здравјето на коските, успешно се бори против анксиозност, а новите истражувања истакнуваат дека влијае и врз слабеењето.

„Доколку сакате да ја намалите својата тежина, тогаш секојдневно земајте го витаминот Д непосредно пред оброкот. Тој најдобро делува во комбинација со мастите бидејќи ги разградува маснотиите во човечкиот организам. Најефикасни резултати се поттикнуваат доколку го консумирате со појадок кој по правило би требало да биде најобилен во текот на денот.“, рече стручњакот за диети Кери Клифорд.

„Истражувањата за витаминот Д континуирано растат. Иако неговата најпозната улога е да ги зачува коските, овој витамин помага и во одржување на здравјето на сите ќелии во организмот, благотворно влијае на многу функции на мозокот, го јакне имунитетот и ја забрзува работата на метаболизмот.“, додава таа.

Поврзани вести

„Грицкањето“ меѓу оброците не е секогаш лошо, но треба да внимавате на две работи

Urednik

Лекарите тврдат дека никогаш не ја јадат оваа храна поради холестеролот

Radmila Tasevska

Студија: Домашните миленици ја забавуваат прогресијата на деменција кај постарите луѓе кои живеат сами

Urednik