СТАНДАРД life
Здравје

Овој витамин ви е потребен за слабеење

Освен што има важна улога за здравјето на коските, овој витамин го забрзува и метаболизмот и ги разградува мастите.

На човечкото тело му се потребни голем број на витамини и минерали, кои овозможуваат нормален развој и функционирање. Се покажало дека витаминот Д зазема важно место, особено за женското здравје.

Овој витамин го поттикнува производството на калциумот, го одржува здравјето на коските, успешно се бори против анксиозност, а новите истражувања истакнуваат дека влијае и врз слабеењето.

„Доколку сакате да ја намалите својата тежина, тогаш секојдневно земајте го витаминот Д непосредно пред оброкот. Тој најдобро делува во комбинација со мастите бидејќи ги разградува маснотиите во човечкиот организам. Најефикасни резултати се поттикнуваат доколку го консумирате со појадок кој по правило би требало да биде најобилен во текот на денот.“, рече стручњакот за диети Кери Клифорд.

„Истражувањата за витаминот Д континуирано растат. Иако неговата најпозната улога е да ги зачува коските, овој витамин помага и во одржување на здравјето на сите ќелии во организмот, благотворно влијае на многу функции на мозокот, го јакне имунитетот и ја забрзува работата на метаболизмот.“, додава таа.

Поврзани вести

📽Нов хит напиток за борба против настинки, потребни ви се само две состојки

Urednik

Слабеење само со пијалоци

Radmila Tasevska

Срцето може да се скрши: 3 медицински објаснувања за состојби по раскинување на емотивната врска

Urednik