20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Храна

Чизкејк со путер од кикирики! Толку е добар што ќе барате парче повеќе

Кога станува збор за десертите, веруваме дека овој чизкејк ќе заземе посебно место во вашето срце и стомак:

Состојки:

* 250 гр путер од кикирики
* половина чаша шеќер
150-200 гр бисквити
* малку млеко
* какао

Фил:

* 800 гр крем сирење
* 100 гр шеќер
* 325 гр путер од кикирики
* 50 гр кисела павлака
* 300 мл слатка павлака
* 100 гр шеќер во прав
* кикирики

Подготовка:

Соединете го омекнатиот путер од кикирики, ситно сечканите бисквити, шеќерот, какаото и малку млеко за да добиете густа смеса, па притиснете го во тркалезен калап.

Изматете го крем сирењето со миксер со шеќерот и путерот од кикирики, додадете кисела павлака и сè убаво измешајте.

Изматете ја павлаката во тцврст шлаг со шеќер во прав. Измешајте ги двете смеси и добиениот фил премачкајте го преку кората.

Се лади во фрижидер, се посипува со сечкани кикирики и се сервира.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Urednik

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ Крофни со сланина кои ќе го натераат секое куче среќно да мавта со опашот

Urednik

Здрави, брзи и заситни топчиња со урми

Urednik