По долгогодишната врска со Петар Грашо, пејачката Данијела Мартиновиќ запозна човек кој и го променил животот. Посреќна од кога било, отворено проговори за тоа што направил инспекторот Јосип Плавиќ за да и го привлече вниманието
Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година.
„Иако разговорот беше официјален, а ситуацијата во која се најдов ми беше сосема непозната, тој зрачеше смиреност и мир. На самиот крај од разговорот, наместо „збогум“, ми рече: „Нека те прати насмевка“. Веднаш знаев дека тоа е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен на земја, нема тензии со него, тој секогаш наоѓа начин и пристапува на се темелно“, изјави таа за „Story“.
Јосип, инаку, е искусен моторџија, а сплиќанката со него ги открила позитивните работи на возењето квад. Нејзиното ново момче, вели таа, го интересираат многу работи. Играл пејнтбол, имал рок бенд за кој ги компонирал повеќето песни, а готвењето го опуштало, па, откри таа, тој често ја изненадува со својата мала кулинарска магија.
Покрај тоа, тој понекогаш патува со неа на концерти, кога тоа му го дозволуваат обврските.