СТАНДАРД life
Стил

Бекам „падна“ на бизарните чизми кои го поделија модниот свет (ФОТО)

Во 2021 година, откако виде „крокси“ од лаванда потпишани од брендот Drew House на Џастин Бибер, Викторија Бекам рече „Мислам дека повеќе би сакала да умрам“. Сепак, судејќи по фотографијата што оваа недела ја објави на Инстаграм, изгледа дека се предомислила за омразените обувки.

Модните дизајнери како Грузијката Демна Гвасалија на чело на модната куќа Balenciaga, неуморно работеа на рехабилитација на имиџот на гумените сандали од брендот Crocs на модната сцена, до тој степен што се чини дека дури и секогаш елегантно облечената Викторија Бекам веќе не може да ги игнорира.

Наречени Behemot Croot, тоа е најновиот модел на вирални чизми од брендот MSCHF претставени во крокс руво. Црвената верзија која им претходеше стана главна тема на разговор во модните кругови, што воопшто не изненадува.

Инспирирани од јапонскиот лик Astro Boy, за 24 часа станаа огромен хит на социјалните мрежи, а сега се претставени во жолта боја и со познатите Crocs елементи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MSCHF (@mschf)

Поврзани вести

📸Кралицата на уличната мода ги носи „најгрдите“ влечки и во исто време изгледа шик

Urednik

(ФОТО) Сите паднаа во втор план кога Адријана Лима се појави во фустан „убиец“

Urednik

Најубавата жена на светот привлече внимание во мрежест фустан во Њујорк (ФОТО)

Radmila Tasevska