За безбеден секс се зборува многу, но дали сте слушнале за „безбеден бакнеж“? Веројатно НЕ, бидејќи дури и не сте размислувал дека и овој чин на страст и интимност може да биде опасен за вашето здравје. И додека кондомите можат да ви обезбедат безбеден секс, тогаш со бакнежите ситуацијата е посложена. Можете само да верувате дека вашиот партнер е целосно здрав.
Што може да се „пренесе“ преку него?
1. Вирус / грип
Вирусите се пренесуваат по воздушен или по пат на принцип на капка, односно при разменување на плунка, шансата да се разболите ако партнерот ви е болен, е голем. Симптомите често се: болки во мускулите, главоболка, болки во грлото и температура.
2. Херпес
Без разлика дали херпес е на самата усна или околу устата, ако се бакнувате со човек кој има такво нешто, лесно ќе го добиете вирусот и вие.
3. Сифилис
Уште една болест која може да се пренесе преку физички контакт преку бакнеж и сексуална активност.
4. Менингитис
Бактерискиот менингитис се шири преку бакнеж. Симптомите ви се кочи врат, температура и главоболка.
5. Воспаление на непцата
Иако воспалението на непцата не се шири преку бакнежи, бактеријата која води до овие болести се пренесува на овој начин. Можете да се „спасите“, ако по бакнеж веднаш си ги измиете забите и ги користите вода за плакнење.
6. Кариес
Предизвикани од бактеријата streptococcus mutan која лесно се шири со бакнеж.