СТАНДАРД life
Балкан микс

„И генетиката има малку врска со изгледот“: Која е ТАЈНАТА НА ВИТКАТА ЛИНИЈА на Александра Радовиќ?

Александра Радовиќ, балканска музичка ѕвезда и сопственичка на едни од најубавите поп-балади, во последните години строго се грижи за исхраната, но како и сите, и таа варираше со килограмите. Во еден период од животот качила неколку несакани вишок килограми и решила да ги промени прехранбените навики.

Радовиќ се потрудила да го најде најдобриот начин да ја сведе тежината на идеалната за неа. Во тоа успеала благодарение на исхраната и физичката активност.

Таа следи диета која ја балансирала нејзината исхрана, а клучот е што избегнува да јаде тесто. За појадок јаде житарки и јогурт, за ручек најмногу пилешко и спанаќ, а за вечера салата.

„Имам урамнотежена исхрана, внимавам на внесот на леб, брашно, тесто. Сакам слатки, но не ги јадам постојано, туку кога навистина сакам. Генетиката има малку врска и со изгледот, бидејќи сите во моето семејство изгледаат добро и младолико“, рече Александра.

„Секое утро одам на тренинг, им го препорачувам на сите жени. За слабеење важна е секојдневната физичка активност. За сите овие години се покажа како добитна комбинација во борбата против вишокот килограми. Жените обично велат дека немаат време, но тоа не треба да биде изговор. Нека најдат теретана во близина и нека се качат брзо на лентата за трчање 45 минути секое утро. Секогаш кога имам дополнително слободно време, вежбам долго или одам на пливање. Во пролет и лето практикувам и брзо одење во природа. Сакам паркови и шуми“.

Покрај пешачењето, таа практикува и други вежби во кои навистина ужива.

„Сакам чучњеви, прескокнување јажиња, стомачни и топка. Ми се допаѓа сè! Многу често, кога гостувам во некоја утринска програма, веднаш со цела шминка одам на тренинг директно од емисија. Навистина се трудам да не пропуштам ниту еден тренинг“, заклучува Радовиќ.

Поврзани вести

Лукас: Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив

Radmila Tasevska

„Не наседнувајте на тоа“: Данијела Мартиновиќ била жртва на измама, па објави важна порака (ФОТО)

Radmila Tasevska

Ова е единствената заедничка фотографија на Александра Пријовиќ и Филип од концертот во Арена: Позираа насмеани по настапот

Radmila Tasevska