СТАНДАРД life
Шоубиз

Романтичен гест на Џенифер Лопез: Првата годишнина од бракот ја одбележа на посебен начин

Дека секоја љубовна приказна има среќен крај, заклучија фановите на Џенифер Лопез и Бен Афлек кога парот пред една година реши да ја круниса љубовта со брак. Една година по свадбената церемонија, двојката е неразделна, а нивните деца одлично се сложуваат, па Лопез и Афлек можат да здивнат и да ја живеат својата љубовна идила. Колку е среќна со Афлек, откри пејачката на социјалните мрежи одбележувајќи ја првата годишнина од нивниот брак.

Во неделата, Џенифер Лопез му посвети објава на својот сопруг на социјалните мрежи и сподели со својата заедница неколку досега невидени фотографии од нивната венчавка во Џорџија.

Интимната церемонија ја чинеше двојката приближно 400 илјади долари, а пејачката на социјалните мрежи сподели неколку кадри од венчавката, не криејќи колку е среќна што повторно е вљубена во Афлек.

Покрај кадрите од венчавката, Лопез го откри и текстот на емотивната романтична песна која решила да му ја посвети на актерот.

„Почитуван Бен дел II“ е една од неколкуте песни што таа му ги посвети на својот сопруг и која ќе се најде на нејзиниот деветти студиски албум „This Is Me… Now“.

Првата песна „Dear Ben“ се наоѓа на албумот „This Is Me“ од 2002 година, а Лопез ја напиша додека таа и Афлек беа еден од најпопуларните и најобожуваните парови на сцената.

Од танцување на маса до бикини: Kако Џенифер Лопез го прослави својот 54-ти роденден (ФОТО)

Поврзани вести

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik

Шаја Лебеф станува ѓакон

Urednik

Ким Катрал откри зошто се врати во улогата на Саманта во And Just Like That…

Urednik