СТАНДАРД life
Здравје

Ова се најдобрите намирници за зајакнување на коските

ЗДРАВА балансирана исхрана ќе ни помогне да изградиме здрави коски уште од рана возраст и да ги одржуваме здрави во текот на животот. Како велат од NHS, диететичарите советуваат дека за здрави и силни коски најважен е внесот на калциум, но и витамин Д, кој му помага на нашето тело да го апсорбира истиот калциум.

Покрај тоа, студиите покажуваат дека лошото здравје на коските може да предизвика состојби како рахитис и остеопороза, како и да го зголеми ризикот од кршење на коската од пад.

Правилната исхрана е само еден од темелите за одржување на здрави коски, заедно со редовно вежбање и избегнување на одредени фактори на ризик. Храната за која експертите тврдат дека е најдобра за зајакнување на коските се:

* млеко и млечни производи
* зелен лиснат зеленчук
* тофу
* јајца
* масна риба како што се сардини или лосос
* ореви
* чиа семе.

Поврзани вести

Дали треба да пиете мултивитамини со кафе?

Radmila Tasevska

По јадењето ни случајно не треба да запалите цигара!

Radmila Tasevska

Се чувствувате преоптоварено? Овој зеленчук ќе ви помогне при замор и несоница

Urednik