СТАНДАРД life
Здравје

Нешто ве боли? Пуштете музика, таа делува како аналгетик, велат научници

Од обработката Hurt на Nine Inch Nails од Џони Кеш, до истоимениот сингл на Кристина Агилера од 2006 година, до хитот на REM Everybody Hurts, болката, обично емотивна, е трајна тема на песните. Но, во исто време, музиката може да дејствува терапевтски, како вистински аналгетик за слушање, според истражувањето спроведено на Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Наодите, објавени во списанието Frontiers in Pain Research, сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор кој може да ја ублажи болката.

Слушањето на омилените песни „може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста“, додека „непознатите песни немаат таков ефект“, открил водечкиот автор на студијата Дариус Валевичиус, кој ги тестирал ефектите на серија мелодии на 63 луѓе.

„Можеме грубо да процениме дека омилената музика ја намалува болката за еден поен на скала од десет, што е барем исто толку силно како лек против болки без рецепт“, рече тој.

Научниците тоа го тестирале така што на рацете на учесниците ставиле термичка направа која го загревала тој дел од телото до степен на болка. Испитаниците од првата група слушале песни кои сами ги избрале, втората група имала песни избрани од истражувачите, а на третата група не им пуштале музика.

„Омилената музика, која учесниците во студијата сами ја избраа, имаше многу поголем ефект врз намалувањето на акутната топлотна болка отколку релаксирачката, но непозната музика“, рече Валевичиус.

А претходните истражувања покажаа дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок. Во 2012 година, Центарот за истражување на болка на Универзитетот во Јута објави хипотеза дека „музиката може да го оддалечи когнитивниот фокус од болката“, а некои претходни истражувања покажаа дека музикотерапијата може да ја намали потребата од лекови до 50 проценти.

Поврзани вести

Вечера и слабеење: Храна која го забрзува метаболизмот доколку ја јадете навечер

Urednik

Виновникот за дебелеењето се само мастите

Radmila Tasevska

Овие знаци откриваат дека децата се чувствуваат игнорирано, тврди психологот

Urednik