14.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Фитнес

(ВИДЕО) Дали знаете што е „абдоминален вакуум“? Одлична вежба за поврзување со вашето тело и ум

Додека некои фитнес трендови „TikTok“ бараат опрема, други не бараат ништо друго освен сила на волјата.

Нов фитнес тренд без опрема кој стана вирален е изометриското движење на стомакот, наречено „абдоминален вакуум“.

Хаштагот #stomachvacuum има повеќе од 100 милиони прегледи на „TikTok“, а со брз скрол ќе забележите што е во основата на движењето – драматичен здив, проследен со вшмукување на стомакот за да ви се видат јасно ребрата.

Додека ги гледате овие видеа, може да се појави прашањето: Што точно треба да прави „абдоминалниот вакуум“?

Тоа е движење за зајакнување што ги таргетира предните стомачни мускули, преку изометриско задржување.

Доктор Џордан Д. Мецл, лекар по спортска медицина во болницата за специјална хирургија и автор на „The Workout Prescription“, го нарекува ова движење „прегиб на бицепсот за стомачни мускули“ и вежбата ја споредува со планк.

Кејти Ванг, личен тренер и инструктор го споредува со изометриско сквотирање.

Додека вакуумот во последно време ги обиколува социјалните мрежи, Ванг вели за „Today“ дека овој потег не е ништо ново.

– Вашите инструктори по јога зборуваа за тоа, вашите инструктори за пилатес зборуваа за тоа… секогаш кога ќе кажеме „папок до кичма“, тоа е верзија на тој абдоминалen вакуум – објаснува Ванг.

Една од сметките што објавува видеа за абдоминалниот вакуум е @drjennipt, која ја води физиотерапевтот и онлајн тренер Џени Бренеке.

Бренеке препорачува оваа вежба да се изведува наутро на празен стомак. Нејзиниот Водич, кој собра над 660 илјади прегледи, ги води следбениците низ оваа визуелна демонстрација:

@drjennypt Drop the “it’s bad for you” comments below ⬇️ #stomachvacuums #abs #vacuums #waistline ♬ original sound – Ⓜ️🫀.

Поврзани вести

Како да го затегнеме телото со само неколку минути на ден

Radmila Tasevska

На што навистина треба да внимавате кога вежбате за време на екстремни жештини?

Urednik

Осум мрзливи начини да согорите повеќе калории

Urednik