Српската актерка Нина Јанковиќ ги освои срцата на публиката кога првпат застана пред камерата во серијата „Монтевидео“ како Валерија. Уметницата со години плени со својата убавина на која би ѝ позавиделе многу светски ѕвезди.
Покрај убавината, Нина плени и со завидниот актерски талент, а нови улоги постојано доаѓаат. Публиката деновиве ја следи во втората сезона од серијата „Калкански кругови“ што се емитува на РТС.
Таа толкува дури два лика во споменатата серија: Светлана и Баба Губа. За целосно да ја изрази својата улога, актерката облече костим, а костимографите толку добро си ја завршиле работата што изгледа целосно непрепознатливо.
Нина е возбудена поради новите епизоди, а на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од сетот на која изгледа потполно непрепознатливо, а по малку страшно.
Шминката и маската, како и долгата седа коса, направија актерката да изгледа морничаво.
Фотографијата ги „запали“ мрежите, а набрзо почнаа да се слеваат коментарите на фановите: „Ме плашиш“, „Морничаво“, „Не верувам дека си ти“, „Не ми требаше ова пред спиење“.
Оваа маестрална трансформација ги воодушеви колегите, а колегата Милош Биковиќ не ја пропушти можноста да ја искоментира промената: „Нина, те молам наспиј се“, ѝ рекол со шеговит тон.
Драмската уметница, претходно сподели фотографии од сетот со екипата, каде покажа како изгледа процесот на костумирање.
Нина откри дека роднините веднаш ја препознале по очите, дека игра двојна улога и дека нејзиниот костим воопшто не и помогнал.
– Ме препознаа по очите веќе во првата епизода, кога полковникот ја запозна девојката во Забран, а подоцна преку приказната добија потврда. Едноставно не им било јасно дека тоа е истата личност која била таму пред 120 години. Едноставно не старее толку брзо како луѓето кои живеат во реалниот свет – изјави Нина за српски „Курир“.