СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за најмеките шницли „alla pizzaiola“

Carne alla pizzaiola е италијанско јадење кое вклучува термичка обработка на месото со состојки и зачини за да има вкус на пица.

Не е познато кој прв го подготвил, но бил инспириран од наполитанскиот обичај да се подготвуваат поцврсти парчиња говедско месо со домати, маслиново масло, лук и бело вино доволно долго за да омекне месото.

Постојат голем број на различни рецепти за Carne alla pizzaiola, а многу од нив вклучуваат и препознатливи зачини како босилек и оригано, кои на пиците им даваат карактеристичен вкус.

Ви носиме рецепт за многу едноставна, лесна и брза верзија на шницли со вкус на пица.

Состојки:

* 800 гр исечени домати
* 180 гр зелени маслинки
* 65 мл бело вино
* 4 шницли дебели околу 2,5 сантиметри
* 3-4 чешниња лук
* 2 пиперки
* 2 главици кромид
* 2 лажици капар
* сол и бибер по желба
* растително масло за пржење

Подготовка:

Убаво зачинете ги шницлите со сол и бибер од двете страни – оставете ги шницлите да се маринираат на собна температура околу 10 минути.

Во голема тава загрејте малку растително масло и пржете ги шницлите околу две минути од секоја страна.

Отстранете ги шницлите од тавата и оставете ги на страна. Покријте ги со алуминиумска фолија.

Додадете повеќе масло во тавата и пропржете го кромидот и пиперките исечени на тенки ленти.

Посолете и динстајте околу пет минути со често мешање додека не омекнат.

Додадете го сечканиот лук и пржете го околу половина минута.

Полијте ја тавата со вино и изгребете ги сите парчиња што се залепиле на дното. Гответе сè заедно околу половина минута.

Додадете сецкани домати (свежи или конзервирани), исечени маслинки и капер.

Кога сосот ќе зоврие, намалете ја топлината и вратете ги шницлите во сосот. Гответе сè заедно околу пет минути (или додека месото не омекне) за месото термички да се обработи до крај и да се соединат вкусовите.

Служете ги шницлите топли со сос и билки по желба. Во садот додадете парче леб и/или сезонска салата.

Добар апетит!

Меки и сочни шницли од рерна

Поврзани вести

Старовременски рецепт: Совршена пита со јаболка

Urednik

Старински рецепт за совршени тулумби

Urednik

Рецепт за ПАЛАЧИНКИ на славен ФРАНЦУСКИ ГОТВАЧ кој мора да го пробате

Urednik