СТАНДАРД life
Храна

Зимска посна крем супа за зајакнување на имунитетот

Нема здравје без здрава храна. И посна крем супа од леќа е дефинитивно здрава. И вкуснa.

Брзо ќе ве загрее и оживи, а е одлична потпора за имунолошкиот систем кој во зима работи прекувремено.

Состојки:

* 1 чаша црвена леќа (може и зелена)
* 2 големи компири
* 1 голем кромид
* 2 моркови
* 2 чешниња лук
* 1 лажица доматно пире
* 1 лажичка рендан ѓумбир
* 1 ловоров лист
* малку мелена лута пиперка
* 1 лажичка сув зачин
* сол и бибер по вкус
* 2 лажици масло
* малку свеж магдонос или ситно сечкан свеж власец

Подготовка:

Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не стане проѕирен.

Потоа додадете ситно сечкан лук и пржете уште една минута или две.

Додадете ситно сечкан морков и доматно пире и малку пржете.

Додадете добро измиена леќа (која била во ладна вода преку ноќ), исечкани компири, ловорови листови, суви зачини и прелијте со вода.

Варете ја супата на средна топлина додека зеленчукот не омекне. Зачинете со сол и бибер, па додадете лута пиперка и ѓумбир. Гответе уште неколку минути, а потоа извадете ja од шпорет и изблендирајте ја супата со миксер.

Послужете ја супата и посипете ја со сечкан магдонос или сечкан млад кромид.

На здравје!

Крем супа со пченка

Поврзани вести

Најдобрите солени стапчиња!

Urednik

Сутлијаш со бело чоколадо и цимет

Radmila Tasevska

Hallongrottor колачи – уживање со потекло од Шведска

Urednik