СТАНДАРД life
Храна

Протеински пудинг

Најлесен рецепт без готвење за убав пудинг полн со протеини.

Состојки:

* 100 мл млеко по избор
* 1,5 супени лажици чиа семе
* 1 лажица сируп мед, јавор или агава
* 1 лажичка какао
* овошје по желба

Подготовка:

Измешајте ги семките од чиа со млеко и оставете сè да набабри околу 15 минути.

Потоа убаво измешајте ја смесата, додадете какао и течен засладувач и оставете ги уште десетина минути да се соединат вкусовите.

Можете да го направите ова претходната вечер и да го ставите во фрижидер преку ноќ.

Чоколадниот чиа пудинг послужете го со боровинки, парчиња праска или некое друго овошје.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska

Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака

Radmila Tasevska

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik