СТАНДАРД life
Храна

Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака

Кремасто пилешко месо кое се топи во уста.

СОСТОЈКИ:

300-400 гр пилешко бело месо

50 гр растопен маргарин

5 лажици павлака

1 лажица презла

3 чешниња лук

варени компири

вегета

сол

бибер

зачин по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли. Посолете го со вегета или сол. Добро истријте за шницлите да впијат. По вкус можете да ставите и бибер да добие поубав вкус.

Земете огноотпорен сад и во него на дното наредете компири кои претходно сте ги излупиле и исекле на парчиња. Потоа малку посолете и зачинете со вегета. Од горе редете бело месо кое сте го потопиле во растопен маргарин.

Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, бибер и лук. Тоа убаво измешајте го и ставете преку пилешкото.

Кога сте ја истрошиле павлаката убаво размачкајте и јадењето е спремно за печење. На почеток ставете фолија преку садот.

Нека се пече околу 30 минути. Пред крајот од печењето тргнете ја.

Добар апетит!

Поврзани вести

Рецепт за леб кој не се меси

Urednik

Протеински пудинг

Urednik

Лут намаз од грав

Radmila Tasevska