Босанската пејачка Теа Таировиќ е позната по тоа што и се „лепат парите“. Пејачката каде и да настапува е опкружена со голема сума на пари, а таа не ја одбива.
Пејачката моментално е во Америка каде има турнеја, а на социјалните мрежи се појави видео на кое пејачката зема бакшиш, бакнува долари и продолжува да ја забавува публиката во ритамот на музиката.
Сепак, иако има огромен број обожаватели, ова не им се допадна на членовите на мрежата „Х“, па ја нападнаа дека претерува, а со оглед на тоа колку популарна стана, не е многу добро и на клупски настапи да зема бакшиши.
Ja sam ti živii dokazzzu pic.twitter.com/tLcjIUHxjz
— Zver (@cecinmac) September 17, 2023
„Те молам кажи ми дека ова не е вистина“, „Ги зеде од нечија рака“, „Зошто ова“, беа само дел од коментарите.
Да потсетиме, Теа неодамна на еден свој концерт ги бришеше солзите со банкнота од 100 евра. И тоа наиде на различни коментари, но таа не беше многу потресена од тоа.