Пред една година јавноста дозна дека Момчило Бајагиќ Бајага (63) се развел од сопругата Емилија по повеќе од три децении брак. Медиумите во Србија сега пишуваат дека познатиот музичар е во врска и дека неговата избраничка е пет години помлада од него, а на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, е објавена нивна заедничка фотографија. Еден од корисниците на оваа социјална мрежа случајно ги снимил додека се шетале во центарот на Белград.
„Новата избраничка на Момчило е пет години помлада од него. Заедно се речиси една година. Бајага веднаш и кажал на поранешната сопруга Емилија за новата љубов бидејќи останале во добри односи по разводот. Емилија не му правела никакви проблеми затоа што таа веќе долго време нема чувства кон него“, напиша неодамна „Нова.рс“, цитирајќи изјава од извор близок на познатиот пејач.
Бајага минатата година за прв пат проговори за разводот со сопругата со која беше во брак од 1989 година и со која има две деца, синот Марко кој се роди една година откако се венчаа и ќерката Анџела, која е родена 1998 г.
„Никогаш не зборував за мојот приватен живот… А, гледате, разводот беше пред повеќе од година и пол, а се дозна дури сега. Тоа беше многу одамна да се сетам“, изјави Бајага за „Аваз.ба“ минатата година. Извор близок до поранешната двојка Бајагиќ за српски „Објектив“ открил дека нивната врска едноставно повеќе не функционирала.
-Тој „вагаше“ неколку години и сфатија дека тоа е најдобриот начин. Долго време немаше искри меѓу нив, но тие одржуваа хармоничен однос поради децата. Морам да напоменам дека немаше кавга или лоши зборови, се работеше за заситеност. Не сакаа тоа да биде медиумски покриено за децата да не поминуваат низ се што ги следи јавните личности кога ќе се разведат. Така многу брзо се договориле – рекол извор близок на парот кога се дознало дека Момчило и Емилија раскинале.
Музичарот ја запознал поранешната сопруга во автобус и по седум години ја крунисале врската со брак.
„Ема живееше во Земун, а се сретнавме во автобус. Во автобус првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека не излегува во недела. Мене ми беше како да ме олади, оти кој не излегува во недела? Претпоставувам дека Ема излегуваше во сабота, од она што го знам. Тогаш не поставив дополнително прашање, ми беше без везе. Дури по неколку месеци „профуравме“ – изјави тогаш Бајага за српски „Новости“.
По тој повод откри дека неговата слава и била голем товар на сопругата и дека сите свои песни и ги посветил на неа.