СТАНДАРД life
Здравје

Три симптоми кои се меѓу првите кои укажуваат на рак на тестисите

РАК НА ТЕСТИКИТЕ во повеќето случаи се јавува кај помлади мажи, обично пред 50-годишна возраст.

Во споредба со другите видови на рак, прогнозата е многу добра. Истражувањата покажуваат дека преживувањето се проценува на околу 95 проценти.

Лекарите предупредуваат дека е исклучително важно редовно да се прегледуваат тестисите и да се реагира на првите забележани промени.

Имено, лекувањето на ракот на тестисите откриен во рана фаза, па дури и отстранувањето на еден тестис, обично не влијае на сексуалниот живот или плодноста и буквално може да спаси живот.

Но, како да препознаете дека некое лице има рак на тестисите?

Очигледно постојат три симптоми кои можат да укажуваат на тоа дека мажот има ваков тип на рак. Тоа се оток или грутка на тестисот, но и каква било промена во обликот или текстурата на самиот тестис. Важно е да се нагласи дека овие појави најчесто не се болни.

Покрај овие симптоми, кои најлесно се забележуваат со редовен самопреглед, други предупредувачки знаци вклучуваат болна ејакулација и болка во трупот, долниот дел на стомакот, препоните или долниот дел на грбот.

Споменатите симптоми најчесто укажуваат на напредна фаза на рак.

Поврзани вести

Диететичарите предложија храна која треба да ја јадеме наутро доколку сакаме да ослабеме

Radmila Tasevska

Често пиете пиво? Еве како ви го УНИШТУВА ИМУНИТЕТОТ!

Radmila Tasevska

Три стратегии кои ќе ви го зајакнат имунитетот во студените денови

Radmila Tasevska