СТАНДАРД life
Шоубиз

Познати првите резултати од обдукцијата на Метју Пери!

Метју Пери не починал од предозирање со фентанил или метамфетамин, пренесува TMZ!

Станува збор за две тешки дроги – фентанил се нарекува дрога „зомби“ која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.

Првите обдукциски тестови покажаа дека славниот Чендлер од „Пријатели“ немал ниту една од овие дроги во својот систем.

Сепак, TMZ! вели дека е важно да се забележи дека сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсикологијата за да се анализира дали има други нелегални супстанци во неговата крв и дали нивото на лековите на рецепт биле во штетни дози.

За тие резултати веројатно ќе бидат потребни 4 до 6 месеци, а кога ќе се соберат сите тие податоци, вештакот ќе ги утврди причината и начинот на смртта.

Поврзани вести

Не е се како што изгледа: Џорџ Клуни откри се за наводната продажба на вилата на Комо

Urednik

Прогласен најзгодниот маж на светот за 2023 година

Radmila Tasevska

Билборд објави листа на 20 најпуштани песни во светот во 2023 година

Radmila Tasevska