СТАНДАРД life
Фитнес

📽 17-минутниот тренинг на Крис Хемсворт ќе ги зајакне вашите мускули: Ова е тајната на неговиот добар изглед

Крис Хемсворт е еден од најпознатите заводници на холивудската сцена, а тајната е во неговиот одличен изглед.

Сепак, актерот реши да покаже кои вежби се заслужни за извајаното тело.

Имено, тој во видео на „Јутјуб“ заедно со фитнес тренери покажа вежби за градење мускули кои траат само 17 минути.

Пред тренинг нагласуваат дека вежбите за загревање се многу важни и дека не треба да се прескокнуваат ниту за најкратките тренинзи.

Рутината содржи серија од пет вежби. Секоја вежба ќе ја изведувате по 20 секунди, потоа ќе одморите 10 секунди, па ќе продолжите на следната.

По два круга, се одморате 30 секунди, а потоа почнувате повторно, само што овој пат многу од вежбите се заменуваат со малку попредизвикувачки варијации – на пример, чучњевите се заменуваат со пулс-чучњеви, поточно половина чучњеви пред кревање.

По две рунди од ова, се одморате уште 30 секунди пред да се справите со две рунди од уште едно понапорна серија од уште пет потези. Тогаш тренингот завршува.

Првата вежба е чучњеви и ги прави 20 секунди, како и секоја наредна во првата рунда.

Втора вежба е „пешачењето“. Во положбата за склекови, наизменично доведете ги колената до градите.

Третата вежба се состои од скокови, но наназад.

Четвртата вежба се состои од чучњеви и „лазење“ со рацете до положбата на склек и враќање.

Петтата вежба е трчање во место.

Овие вежби треба да се засилуваат од серија во серија, со зголемување на темпото или нивно комбинирање со други вежби, пишува „Yahoo“.

Поврзани вести

Фитнес рутината на Меган Маркл: Како до извајани раце и мускулесто тело?

Urednik

За него знаете многу и тоа главно погрешно: Сè за пилатес тренингот!

Urednik

15 минутни вежби за стегнат стомак

Radmila Tasevska