СТАНДАРД life
Шоубиз

Пејачка испрати помош за Палестинците, фановите беснеат: „Ги поддржуваш терористите“

Селена Гомез повторно е на удар на критиките за конфликтот меѓу Израел и Хамас, а овој пат беше обвинета за поддршка на терористите откако нејзиниот козметички бренд Rare Beauty објави донации за Палестина.

Пејачката неодамна преку профилот Rare Beauty испрати порака за хуманитарната криза во Газа и најави дека брендот ќе донира пари за да им помогне на оние кои имаат потреба, но нејзините фанови тоа не го прифатија добро.

„Илјадници невини палестински цивили се убиени во израелските воздушни напади, а милиони цивили се раселени и оставени без пристап до храна, вода, лекови или основни потреби за опстанок“, пишува на профилот на брендот.

Тие исто така истакнаа дека „голем број од овие жртви се деца и дека палестинските цивили мора да бидат заштитени“.

Тие исто така истакнаа дека се скршени од терористичкиот напад врз невини цивили во Израел на 7 октомври. Потоа рекоа дека ќе донираат за хуманитарни организации кои и помагаат на Палестина.

Оваа одлука не беше добро прифатена од нејзините обожаватели, а додека некои ја нарекоа лицемерка откако ги напушти социјалните мрежи, други ја обвинија дека поддржува терористи.

„Престанете да го поддржувате тероризмот. Хамас е ИСИС и тие го користат народот во Газа како жив штит. Користете ја вашата платформа против Хамас. Ја избравте погрешната страна на историјата“, гласи еден од коментарите.

Други мислеа дека тоа е само ПР потег.

„Тоа не е хуманитарна криза. Тоа е геноцид кое го изврши војската која директно ја финансирате. Какво е ова ПР сра**“, напиша еден од обожавателите.

„Хуманитарната криза се нарекува геноцид“, додаде друг.

Поврзани вести

„ТРАЧАЊЕ“ НА ЗЛАТНИОТ ГЛОБУС: Видеото стана вирално – го озборуваа актерот кој донесе СТАРЛЕТА на доделувањето!

Urednik

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Urednik

Поширокото семејство ги заострува односите со Хари и Меган – и кумот на Арчи им врти грб

Urednik