СТАНДАРД life
Секс и врски

Мажите над 40 години се особено страсни за овие две работи – ќе се изненадите кога ќе видите кои!

Мажите сакаат брз и валкан секс без ограничувања? Да, можно е. Според истражувањето на веб-страницата „LeAffair“, сепак, желбите на мажите над 40 години и оние помладите се значително различни.

Што ги пали сепак средовечните мажи? Нежно, не валкано и грубо

Верувале или не: мажите над 40 години најмногу сакаат романса во кревет! Имено, бакнувањето и нежниот, лесен, гушкачки секс се на прво и на второ место на нивните желби! Пред орален секс.

Следен на листата е „нормален секс“ (што и да мислите со тоа), а потоа секс со жени во секси долна облека и високи потпетици, СМ игри и тројки. Фотографирање или снимање за време на секс воопшто не им паѓа на памет.

А каква е ситуацијата со помладите момци?

Мажите во дваесеттите и делумно во 30-тите, барем според оваа анкета, се поподготвени за експериментирање. Секси фотографии и видео? Тоа е одлично за нив! А сексот со неколку луѓе е во првите пет желби во кревет, пишува Miss7.

Истражувањата покажуваат дека мажите се сексуално најактивни и најмоќни на возраст од 20 до 30 години – сепак, тогаш тие се повеќе фокусирани на квантитетот, а не на квалитетот во креветот. Во средината на четириесеттите години од животот најмногу се менува квалитетот на сексот. Имено, потврдено е дека на 45 години мажите (но и жените) имаат помалку секс, но сексот тогаш станува значително подобар.

Како да ја збогатите врската и што треба да направите за да го подобрите вашиот сексуален живот?

Поврзани вести

Откриен клучот за успешна врска

Radmila Tasevska

Во овие сексуални пози не може да забремените

Radmila Tasevska

Гласно и јасно: Шест знаци дека вашиот сексуален живот не функционира

Urednik