Нема здравје без здрава храна. И посна крем супа од леќа е дефинитивно здрава. И вкуснa.
Брзо ќе ве загрее и оживи, а е одлична потпора за имунолошкиот систем кој во зима работи прекувремено.
Состојки:
* 1 чаша црвена леќа (може и зелена)
* 2 големи компири
* 1 голем кромид
* 2 моркови
* 2 чешниња лук
* 1 лажица доматно пире
* 1 лажичка рендан ѓумбир
* 1 ловоров лист
* малку мелена лута пиперка
* 1 лажичка сув зачин
* сол и бибер по вкус
* 2 лажици масло
* малку свеж магдонос или ситно сечкан свеж власец
Подготовка:
Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не стане проѕирен.
Потоа додадете ситно сечкан лук и пржете уште една минута или две.
Додадете ситно сечкан морков и доматно пире и малку пржете.
Додадете добро измиена леќа (која била во ладна вода преку ноќ), исечкани компири, ловорови листови, суви зачини и прелијте со вода.
Варете ја супата на средна топлина додека зеленчукот не омекне. Зачинете со сол и бибер, па додадете лута пиперка и ѓумбир. Гответе уште неколку минути, а потоа извадете ja од шпорет и изблендирајте ја супата со миксер.
Послужете ја супата и посипете ја со сечкан магдонос или сечкан млад кромид.
На здравје!