СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за посни Рафаело колачи: Гостите на прославата ќе бидат воодушевени

Доколку ви недостигаат идеи за разубавување на трпезата и сакате да ја збогатите и да ги воодушевите сите гости, пробајте го овој рецепт.

Малите колачи се шармот на секоја прослава, а многумина си прават „место“ во стомакот прескокнувајќи го главното јадење и рибата само поради нив.

Помеѓу „мрсното“ и посното Рафаело, не знаете кое е поубаво!

Состојки:

* 150 гр кокос
* печени лешници 30 парчиња
* 250 гр маргарин
* 200 гр шеќер во прав
* 100 гр млеко во прав
* 150 кокосови ореви

Подготовка:

Прво оставете го маргаринот малку да отстои на собна температура, а потоа изматете го со миксер заедно со шеќерот во прав додека не добиете пенеста смеса.

Потоа додадете го млекото во прав, па изматете уште малку.

После тоа додадете го кокосот.

Ова е смесата од која ќе обликувате топчиња, а внатре ќе ставите еден лешник. Потоа секое топче извалкајте го во кокос и ставете го во корпа.

На здравје!

Посни топчиња

Поврзани вести

Рецепт за таљатели со вргањ

Urednik

Фереро бомбици – направете ги највкусните мали топчиња дома

Radmila Tasevska

Тестенини со туна: Саканата класика со пресврт, што го носи до нови граници

Urednik