Зачинет, посен намаз од туна, идеален за појадок или вечера, но и како мезе на посни веселби.
Можете да го намачкате на посни крекери и да го наредите со мезето на празничната маса…
Состојки:
* 1 конзервирана туна
* 2 лажици посен мајонез
* 2-3 лажици лут ајвар
* 1 лажица кечап
* 1/2 црвен пипер
* 1 лажичка бел вински оцет
* 1 лажичка магдонос
* 1 лажичка власец
* 1 лажица сок од лимон
* 2 лажички ситно сечкан црвен кромид (по избор)
* Сол, бибер
Подготовка:
Исцедете ја туната и растурете ја со вилушка, а пиперката, магдоносот, лукот и кромидот исечкајте ги многу ситно.
Можете исто така да користите власец на суво. Додадете посен мајонез, ајвар, кечап и бибер и сè добро измешајте.
Покријте со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути и послужете ладно со малку тост леб, крекери и слично.
На здравје!