СТАНДАРД life
Секс и врски

Жените секогаш претпочитаат овие работи за својот сексуален живот да им ги кажуваат на своите пријателки, а не на партнерот

Жените зборуваат за секс во иста мера како и мажите, но со поголема доза на хумор и помала доза на фалби. Така, најмалку една третина од жените ќе им откријат на своите блиски пријатели со колку од нив спиеле, кој имал „најголем“, кој оставил најлош впечаток и со кој партнер се случила комична ситуација, покажа студија на Британците, цитирана од здравствениот бренд Balance Activ.

Исто така, пријателките зборуваат за тоа колку се авантуристи – колку често се впуштаат во орален и анален секс, дали пробуваат помагала како вибратори итн.. Ова се најчестите теми за секс за кои жените отворено ќе разговараат:

Колку од нив ги имала…

Ова е често табу тема меѓу партнерите, а повеќето ќе ја сметаат оваа информација за непотребна бидејќи може да предизвика љубомора, непотребни прашања, споредби и упади во минатото. Но, тоа не е сè што има со пријателките, па оваа тема може да се покрене и во разговор.

Каков е сексот со нов партнер?

Новиот партнер е омилена тема за разговор – почнувајќи од неговиот физички изглед, маани и доблести. А откако ќе дојде редот за секс, повеќето жени и нивните пријатели дефинитивно ќе коментираат дали тоа конечно се случило или не и како било.

Колку време помина од последниот пат?

Иако мажите нема да бидат премногу среќни да се фалат со тоа колку време поминало од последниот секс, особено ако поминало долго време, жените со задоволство ќе го коментираат тоа шегувајќи се за себе.

Непријатни ситуации

Најчесто ова е тема за исмејување на новите партнери со кои сексот најверојатно нема да се повтори. Во оваа категорија спаѓаат приказните „сакаше да му мокрам“ или „вика „мамо“ за време на секс“, „квичи како свиња“. Дополнително, „налетаа неговите родители“, „не фати полиција во автомобил“, „му го скршивме пенисот за време на секс“ – па тоа треба да се сподели со некого, нели?

Експериментирање

Ако се сомневаат дека тоа што го прават во кревет со партнерот е изопачено или различно од она што го прават другите партнери, нема подобар начин да се провери од тоа да ги прашаат своите пријатели дали и тие го прават истото.

Рекордери

Поголеми од просекот, помали, обрежани, три брадавици, трикови кои делуваат, ненаситно либидо, одлична техника за орален секс…- сето тоа се теми за кои се зборува по неколку пијачки.

Секс кој трае 30 секунди. Секс кој трае три часа, а најчесто се прашувате „уште колку“, секс во кој партнерот мисли само на себе…- поплаките до пријателките се задолжителни.

Фалби

Ниту жените не се имуни на повремено фалење, па со задоволство ќе споделат комплимент од партнерот дека прават нешто најдобро во кревет или уште подобро „дека таа е најдобрата со која некогаш бил“.

Планирање бременост и заштита

Од искажување желба за бебе, споделување совети за најдобрата поза, пресметување плодни денови и овулација и разговор за зачестеноста на сексот, пријателките се вистински извор на знаење пред кој ваквите теми не се непријатни.

После незаштитен секс, повторно пресметување на плодните денови, чекање за менструација и толкување на симптомите, итна контрацепција и слични прашања, овие теми одат на „тапет“ со пријателите пред да разговарате со партнерот.

Лош секс

Има моменти кога сексуалниот партнер навистина пробува или копира некои движења кои ги видел во порно филмовите, но навистина не го постигнува ефектот на кој се надевал.

Секако, тоа е тема за разговор со девојките со додавка „подобро да ја прескокне предиграта“ или „кој го излажал дека тоа им се допаѓа на жените“, а девојките ќе се надоврзат на сопствените „болни“ искуства.

Фантазии

Згоден сосед, впечатлив шеф, заводлив келнер во локално кафуле, припадник на различна раса – жените зборуваат и за тоа кому би сакале да му се „подарат“, пишува Дејли Мејл.

Здравствени проблеми

Од необични болки, исцедок, необичен циклус, печење, чешање и страв од болест – пријателките даваат утеха, совети и сопствени искуства.

Поврзани вести

Три тајни: Вака ќе станете ненадминливи во сексот

Urednik

5 изговори кои жените ги користат за да избегнат секс со партнерот

Radmila Tasevska

Зошто мажите се вртат кон други жени? Експерт за врски дава одговор кој ќе ве изненади

Radmila Tasevska