СТАНДАРД life
Храна

🎥Бибимбап – најбараниот рецепт во светот во 2023 година

Google и оваа година ги објави годишните податоци за пребарување, а кога се во прашање рецептите – еве кои најмногу се пребаруваа во 2023 година.

1. Бибимбап

Бибимбап е корејско јадење со ориз, а рецептот за ова јадење беше најмногу пребаруван на Google во 2023 година. Името доаѓа од зборот „бибим“, што значи „мешање“ и „бап“, што значи „варен ориз“. Се служи со ставање ориз во сад и додавање намул, односно комбинација од разни билки за јадење и паста од чили пипер од Гочујанг. Јајцето и сечканото месо се вообичаени додатоци на ова јадење, а сè добро се меша пред консумирање.

2. Еспето

Еспето е рибно јадење карактеристично за областа Малага и брегот на Гранада во јужна Шпанија. Станува збор всушност за сардини (најчесто ги има шест) кои се набиени на тенки и долги стапчиња, па изгледаат како големо раженче, а потоа се печат на скара. Единствените зачини се малку сол и маслиново масло, а рибата се јаде со прсти – по можност во близина на плажа.

3. Папеда

На третото место на „најгуглани“ рецепти во 2023 година е рецептот за индонезиското јадење папеда. Тоа е еден вид тесто направено од саго скроб, кој се добива од стеблото на саго палмата. Папедата има леплива текстура и се служи со цветни пупки од папаја или спанаќ.

4. Скипен ѓеврек

Ѓеврекот е тркалезно пециво кое потекнува од Полска, а се добива така што класичен ѓеврек се сече на половина, а потоа со рака или со лажица се отстранува неговата внатрешност за да може ѓеврекот да се наполни со други состојки по желба.

5. Паста е фагиоли

„Паста е фагиоли“ е италијанско јадење кое комбинира тестенини и грав. И додека јадењето варира од регион до регион, најчесто се прави со помали тестенини, како макарони. Основата е обично маслиново масло, лук, кромид, целер, моркови и често домати или доматна паста.

Поврзани вести

Карамел пита со јаболка

Radmila Tasevska

Рецепт за чорба од зеленчук во која нема ни да забележите дека нема месо

Urednik

Пржено тофу повкусно од месо

Urednik