СТАНДАРД life
Храна

Нутриционист Емилија: Колку е вредна коледарската торбичка за нашето здравје?

Еден од обичаите што со години наназад се практикува во православната религија е коледарењето. Дечињата одат од врата на врата рано наутро и пеат коледарски песни, во духот на традицијата и го најавуваат раѓањето на Исус Христос. За возврат од домакинките добиваат подароци во нивните спремни торбички (костени, ореви, бадеми, лешници, портокали, мандарини, круши, јаболки и по некоја ситна паричка). Но, дали знаете колку е вредна таа коледарска торбичка за нашето здравје??? Покрај симболот за верба во господ, тука се наоѓа и спектарот на богатствоздравје, кој ги црпиме од  плодовите, производ на природата. Традицијата на дарувањето на овие производи за воколедарската торбичка од страна на нашите мајки, баби, роднини, пријатели соседи се ризница на здравје и долг живот, вели за „Стандард лајф“, Емилија Спасовска Мојсовска – Магистер по нутриционизам и советник за здрава храна.

Јаткастите плодови или овошје богато со масти (ореви, лешници, бадеми, фстаци). Тие се богати со моно незаситени масни киселини (есенцијални масни киселини) кои  го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, атеросклероза (намалување на луменот наартериите) при што настапуваат сериозни здравствени компликации. Го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ги зајакнуваат крвните садови и го забрзуваат  заздравувањето на раните, ја стимулираат мозочната активност и му даваат на организмот енергија. Витамини(А, Ц, Е и витамини од Б групата) Минерали (магнезиум, јод, бакар, калциум, калиум, цинк, железо итн).  Високо квалитетни протеини со голема содржина на аминокиселината триптофан, олеинска и алфалиноленска киселина). Ситостеролот  присутен во овие плодови е задолжен за намалување на лошиот холестерол вокрвта. Сите макро и микролементи присутни во овие плодови го даваат благодетот во човековиот организам бидејки се здрави плодови, кој делуваат антиоксидантно намалувајки го оксидативниот стрес при што се спречува појава како и развој на канцерогени клетки во телото. Улога имаат во заштита од дијабет, ги зајакнуваат коските, штитат од анемија, спечуваат одредени заболувања.

(Јаболко, портокал, киви, мандарини)

Покрај тоа што сите овие овошја имаат изболства на витамини и минерали сепак имаат Ниска калорична вредност, што значи се погоднии за тие кој сакаат да намалат од вишокот килограми. Богатството на растителните влакна присутни во овие овошја делуваат лаксативно а тоа значи спречување на токсините да останат подолго во дигестивниот систем и овозможува редовно празнење на цревата, а со тоа и исфрлање на непотребните материи, влијаат на намалувањето на целулитот. Застапеноста на Е и А витамините помага во спречување на развој на наслаги во артериите и  ја спречуваат појавата и развој на канцерогените клетки. Присуството на витаминот Ц, му помага на телото за стекнување на отпорност при различни бактериски, вирусни инфекции. Помагаат и за одржување на слузо кожата и кожата, косата, усната шуплина. Калциумот и Калиумот го одржуваат ритамот на срцето, клеточните и телесните течности.

Суво овошје ( урми, смокви, суво грозје)

Сувото овошје е природен и богат извор на минерали, витамини и ензими. Лесно сварливо и има големо значење во прочистувањето на крвта, како и на целиот систем за варење. Значи, предностите сеповеќекратни. Сувото грозје, е верзија на свежото грозје, се препорачува поради исклучително големата хранлива вредност, го забрзува опоравувањето од некои заболувања, а помага и при состојби на голема исцрпеност, преоптеретеност како и при проблеми со системот за варење. Се смета дека сувото грозје го подобрува либидото.

Урмите преставуваат многу хранливо овошје. Содржат природен шеќер во облик на глукоза и фруктоза. Сомелените суви урми потопени во вода во која стоеле цела ноќ се добар лек за да се зајакне срцето и неговите витални функции. Урмите се и многу ефикасен природен лек за мамурлак.

На трпезатата за бадниковата вечера покрај производите од коледарската торбичка традиција е да има грав, посната сарма, погача со паричка како и тиква и риба. Трпезата изобилува сохрана која има бенефит за човековото здравје.

Гравот не сомнено влегува во супер храна и има исклучителна енергетска вредност, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, минерали (калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк  натриум), одличен извор на растителни влакна, протеини, лецитин итн. Не содржи заситени  масти ниту холестерол, го намалува ризикот од срцеви заболувања, го регулира шеќерот во крвта бидејќи содржи низок гликемиски индекс и сложени јагленохидрати кои се варатполека, штити од рак особено на дебелото црево. Содржината на фолнакиселина во гравот е значајна за конзумирање на бремените жени и нивното почесто конзумирање. Поради тиаминот поволно делува наменталното здравје бидејки учествува во синтезата на ацетилхолинот кој е главен неуротрансмитер во организмот, погоден е за намалување на телесната тежина бидејки тој полека се разградува а на тој начин го намалува ризикот од брзо дебелеење.

Риба – Докажано е дека месото од риба и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење. Како извор на омега 3 и 6 масни киселини таа треба да е повеќе пати во текот на неделата присутна во исхраната, и на тој начин ќе ги задоволиме потребните витамини и минерали а ќе го загарантираме и здравиот начин на живот.

Тиквата – Мегу зеленчукот тиквата изобилува со голема количина на железо, бакар,  флуор, калциум, калиум, цинк, кобалт итн. Каротин, Витамини, А, Е и витамините од б групата).  Благодарение нависоката содржина на калиум,  тиквата ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и го намалува отокот. Според тоа, тиквата е идеална храна за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести.  Ако имате болен црн дроб, тогаш треба да се консумира многу тиква и тоа сирова, неварена. Ако сировата не ви е вкусна тогаш комбинирајте ја со мед, ориз, просо или гриз. Варената тиква особено е полесна за оние кои имаат проблем со киселини во желудникот. Тиквата ја препорачувам во исхраната на болните од чир на желудникот и дванаеспалачното црево, а полезна е при гастритис. Во сите случаеви се препорачува пиење на сок од тиква. Тиквата е еден од најдобрите природни диуретици. Сировата тиква го стимулира лачењето на жолчката, ја стимулира перисталтиката на дебелото црево, а со тоа помага при опстипација (запек).

Како нутриционист се надевам дека овој текст кај нашите читатели ќе биде инспирација и  поттик за понатамошна примена на здравата исхрана и трпезата ќе изобилува со здрави намирници. Драги мои, да не заборавиме дека  моќта на коледарската торбичка и бадниковата вечера е симбол за моќта на здравјето на луѓето, кое треба да го чуваме и негуваме а здравата исхрана треба да ни биде стил и култура на нашето живеење. Ви посакувам убави Божиќни празници, исполнети со многу љубов и хармонија меѓу сите наслуѓето, а при тоа да не ја заборавиме нашата љубов и верба кон господ, вели Емилија.

 

Поврзани вести

Посен намаз од туна!

Urednik

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska

Рецепт: Ќофтиња со моцарела

Urednik