СТАНДАРД life
Храна

Пица стапчиња кои се уште никој не ги одбил: Овој рецепт ќе ви стане омилен!

Пица стапчињата се совршен избор кога сакате да подготвите нешто вкусно од печива.

Сите уживаат во нив, а децата многу често ги посакуваат на своите родендени, па навистина се докажани како одлични.

Ова е еден од многуте рецепти за пица стапчиња кој ќе ви се допадне. Подгответе се за фантастични солени грисини со вкус на пица.

Состојки:

Тесто:

* 200 мл млеко
* 40 гр квасец
* 2 лажички шеќер
* 800 гр брашно
* 200 гр путер
* 100 гр павлака
* 2 јајца
* сол

Полнење:

* 300 гр кечап, благ или лут
* 250 гр шунка
* 70 гр рендан кашкавал
* сол
* половина лажичка оригано

Подготовка:

Во блендер ставете кечап, исечкана шунка, рендан кашкавал и сè убаво измелете. На крајот, измешајте го ориганото.

Квасецот издробете го во сад, па прелијте го со топло млеко. Додадете шеќер и половина лажица брашно, измешајте сè, па оставете да стаса околу 15 минути.

Во друг сад се става брашното, се додава квасецот, омекнатиот путер, јајцето и солта.

Измешајте сè, па додадете малку павлака.

Добро замесете и тестото поделете го на три или четири дела. Порамнете го секој дел.

Прво премачкајте го тестото со кечап, а потоа додадете ја сечканата шунка.

Намачканото тесто покријте го со друго, неподмачкано.

Тестото исечете го на ленти широки околу два до три прста.

Завртете ја секоја лента за да формирате спирала. Добиените спирали можете да ги исечете на половина ако се предолги за вас.

Повторете го истото со другите два теста.

Тестото можете да го премачкате со изматено јајце. Одозгора додадете кашкавал и оригано.

Загрејте ја рерната на 220 степени и ставете ги стапчињата да се печат околу 15 минути.

На здравје!

Најдобрите солени стапчиња!

Поврзани вести

Рижото со печурки, пармезан и вино

Radmila Tasevska

Рецепт за тирамису од костен: Вистински есенски деликатес

Urednik

Орео чизкејк

Radmila Tasevska