СТАНДАРД life
Здравје

Напиток од само три состојки како инстант решение за болно грло

Повеќето респираторни заболувања резултираат со болно грло. Често, дури и пред (и често после) симптоми како што се треска, главоболка и болки во телото, грлото продолжува да гребе.

Има многу совети за иритирано грло кои вклучуваат мед, чаеви, пастили за грло, гаргарање разни билки, соли … Но, уште еден нема да боли.

Нутриционистката Мети Харингтон на Тик Ток го сподели својот пијалак за зајакнување на имунитетот кој помага да се смири болките во грлото.

„Пред некое утро се разбудив со болки во грлото, нецелосно болна, но грлото дефинитивно ме гребеше. За среќа, бев кај моите родители и мајка ми мѝ рече да го направам овој мал велнес пијалак, чија клучна состојка е каранфилчето“, рече таа.

Во видеото таа сподели инструкции како да се направи овој едноставен, но ефикасен напиток, за кој се потребни само три состојки, за да се ослободи од печеното грло:

– 2-3 см ѓумбир исечкајте ги на парчиња и ставете во шолја

– додадете стапче цимет

– ставете четири до шест каранфилчиња

– додадете топла вода и оставете да отстои 10 минути

– процедете го напитокот.

„Каранфилчето е ултимативно зајакнување на имунитетот и има антивирусно дејство. Не се шегувам, еден час подоцна воопшто не ја почувствував гребаницата во грлото“, изјави Харингтон.

Многу луѓе оставија коментари под видеото велејќи дека овој пијалак брзо им помогнал.

Каранфилчето содржи еугенол, кој е ефикасен против штетни бактерии, габи и вируси. Дејствуваат антигабично, антисептично и како аналгетик. Каранфилчето содржи и витамин Ц, витамин К, манган и диетални влакна, пишува Ordinacija.hr.

Поврзани вести

Колку треба да трае годишниот одмор за навистина да се одморите?

Radmila Tasevska

Диететичарите предложија храна која треба да ја јадеме наутро доколку сакаме да ослабеме

Radmila Tasevska

Која храна да ја избегнувате за време на настинка за што побрзо да закрепнете

Radmila Tasevska