СТАНДАРД life
Храна

Нешто најблиску до магија! Чоколадна торта на која нема да можете да одолеете!

Ова е нешто најблиску до магијата, се топи во устата, а комбинацијата од цреша и чоколадо ja прави посебна.

Чоколадна торта на која нема да можете да и одолеете дури и ако сте на диета! Проверете го рецептот!

Состојки:

Бисквит:

Потребно е да се подготват 3 бисквити од:

* 4 јајца
* 4 лажици шеќер
* 4 лажици брашно
* 1 лажица какао и прстофат сол

Печете го бисквитот во загреана рерна на 180 степени 8 до 12 минути. Изладената кора од бисквит пресечете ја на половина и ќе добиете 6 потенки парчиња бисквит.

Прво полнење:

* 1 литар млеко
* 12 лажици шеќер
* 4 чоколадни пудинзи
* 300 гр. чоколадо
* Екстракт од ванила
* 250 гр. маргарин или путер
* 200 мл. слатка павлака

Второ полнење:

* 500 мл. сок од цреша
* 8 лажици шеќер
* 2 пудинзи од ванила или 100 гр. густин
* 450-500 гр. цреши.

Наизменично филувајте ги корите. Кора, чоколаден фил, фил од вишни, кора… Последната кора издробете ја и посипете ја на врвот и на страните на колачот.

Декорирајте по ваша желба и имагинација!

На здравје!

Чоколадна торта со портокали

Поврзани вести

📽 Бурек кој не дебелее

Urednik

Рецепт за мексиканска мусака: Промена која пријатно ќе ве изненади

Urednik

Како да изберете сочна диња?

Radmila Tasevska