СТАНДАРД life
Храна

Пица која не дебелее: Лажното тесто е хит, а ова е совршениот рецепт

Доколку често јадете пица и сакате да се ослободите од прекумерната количина на јаглехидрати, имаме одлично решение за вас.

Иако никогаш нема да има вкус на вистинска пица со кисело тесто, сигурни сме дека ќе бидете задоволни со пица од карфиол – таа е хит со години и сè уште е во тренд меѓу оние кои се обидуваат да се хранат поздраво.

Основа за пица од карфиол

Карфиолот измијте, исчистете го и исечкајте го што помала, може да се стави и во блендер. На масло пропржете го сечканиот карфиол околу 10 минути. Зачинете по желба. Користете сол, бибер и лук во прав. Карфиолот се остава да се излади, па се додаваат јајцата и ренданото сирење. Префрлете ја смесата на хартијата за печење, формирајте пица околу 30 см, пренесува магазинот City.

Се пече во загреана рерна на 250 Целзиусови степени околу 15 минути, додека тестото не ја промени бојата. Дури тогаш можете да го ставите филот за пица на испеченото тесто, внимавајќи да не се преполни. Вратете ја во рерна 5-8 минути додека да се растопи кашкавалот. Кратко изладете ја пицата и послужете.

Поврзани вести

Рижото со печурки, пармезан и вино

Radmila Tasevska

Торта што ќе ве израдува! Мириса на лето и сладолед, а идеална е и за празниците

Urednik

Чоколадна торта со портокали

Urednik