СТАНДАРД life
Шоубиз

Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

Манекенката на прашањата одговарала без влакна на јазикот.

Хајди Клум од 2019 година е во брак со нејзиниот сопруг Том Каулика, кој е 17 години помлад од неа.

Сега таа зборуваше за нивниот сексуален живот, и откри дека сакаат да пробуваат секакви работи.

„Зошто да не користите играчки? Ако трае неколку часа, се може да се случи. На мажите им е потешко, мора да имаат многу поголема издржливост. Многу мажи не можат да водат љубов со часови. Мојот сопруг може“, изјави Хајди во поткастот „Call her daddy“.

Таа се осврна и на својот љубовен живот, а напомена дека го нема типот на мажи.

„Погледнете ја мојата љубовна историја. Бев со ќелави, многу стари, со долга коса, слаби. Нивните ликови беа исто така многу различни“, рече манекенката и додаде:

„На крајот од денот, сакате да бидете со некој со кој ви е удобно. Некој кој прави да се чувствувате одлично и кој ве разбира“.

Поврзани вести

Ози и Шерон Озборн се дотераа како Канје Вест и Бјанка Ценсори (ФОТО)

Radmila Tasevska

Снуп Дог тужи голем трговски синџир: „Намерно ги криеја моите житарки и тврдеа дека ги продале“

Radmila Tasevska

Блејк Лајвли го исмејуваше сопругот Рајан Рејнолдс: „Најди подобар дечко на Инстаграм од мене…“

Urednik