14.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Деми Мур откри во каква состојба е сега Брус Вилис

Во март минатата година семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборувало дека неговата состојба се влошува.

Поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, сега проговори за неговата состојба во „Добро утро Америка“.

„Мислам дека, со оглед на околностите, му оди многу добро“, рече Деми.

Таа откри и како ги теши ќерките, Талула, Скаут и Румер.

„Она што ќе го споделам е она што исто така им го кажувам на моите деца, а тоа е дека е важно да им излезам во пресрет и да не се држат за она што не е, туку за она што е, бидејќи од тоа произлегува голема убавина и сладост, љубов и радост“, истакна таа во емисијата.

Поврзани вести

„Ја имав најубавата кариера, неверојатна“: Елтон Џон го одржа последниот концерт од својата проштална турнеја

Radmila Tasevska

Брус Вилис целосно уништен од болестa! Не може повеќе да зборува!

Urednik

Најжешкото прашање во Холивуд: Кој ќе го глуми Eлон Маск?

Urednik