СТАНДАРД life
Храна

Чоколадна торта со круши – превкусна, неодолива и совршена за есенско попладне

Кога воздухот е исполнет со мирис на есен, а пазарите се полни со сочни круши, совршено време е за еден од омилените десерти во сезоната – сочна чоколадна торта со круши!

Подготовката на оваа торта не е само начин да се искористат вкусовите на сезоната, туку и можност да се создаде нешто навистина посебно и вкусно што ќе ги воодушеви семејството и пријателите. Еве го рецептот.

Состојки:

* 3 круши, излупени и исечени на коцки
* 150 гр темно чоколадо
* 150 гр путер
3 јајца
* 150 гр шеќер
* 100 гр брашно
* 50 гр какао во прав
* 1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете и набрашнете плех за печење.

Растопете го темното чоколадо и путерот на тивок оган. Оставете малку да се излади. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пена. Додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер.

Измешајте го брашното, какаото и прашокот за печиво и просејте ги во смесата. Нежно соединете. Конечно, рачно додадете ги коцките од круши.

Истурете ја смесата во калапот и печете 40-45 минути. Колачот треба да остане малку сочен во средината.

На здравје!

Поврзани вести

Овошен колач од малини без потреба од печење

Urednik

Палачинки со боровинки

Radmila Tasevska

Зимска посна крем супа за зајакнување на имунитетот

Urednik