Синот на пејачката Тамара Тодевска, Дарен, на 12 декември имаше роденден – детето со прекрасни крупни очи наврши седум години.
Тамара, преплавена од емоции и среќа, со прекрасно видео и емотивна порака му го честиташе седмиот роденден на својот сакан Дарен.
Пејачката сподели видео со фотографии со сегменти од секојдневието на славеникот Дарен, неговата сестра Хана, себеси…
View this post on Instagram
„Среќен 7-ми роденден, сине. Од првиот здив знаев дека ти си МОЕТО СРЦЕ надвор од мене. Со тебе ЉУБОВТА доби ново значење, а секој ден е полн со СВЕТЛИНА. Биди СРЕЌЕН И ЗДРАВ
Нека светот ти ги отвори сите врвови. Дарен, Те сакаме бескрајно, Мама, Хана и Лука“, објави гордата и емотивна Тамара, со што ги разнежи сите свои обожаватели и слебедници.
И партнерот на Тамара, Лука, му го честиташе роденденот на преслаткиот Дарен.
„Среќен роденден очи мои блесави“, објави Лука фотографија од Дарен на својата инстаграм-приказна.

