Славниот фудбалер Кристијано Роналдо (40) повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Роналдо објави фотографија на својот инстаграм-профил која ги воодушеви неговите обожаватели, на која позира без маица, покажувајќи го своето неверојатно тело во минијатурни црни боксерки.
Ваквите глетки не се ретки кога е во прашање Роналдо. Фудбалската ѕвезда одвреме-навреме ги изненадува своите следбеници со фотографии без маица, а покажувањето на своето извајано тело веќе со години е негов заштитен знак. Со својата дисциплина, тренинзите и начинот на живот, тој редовно потврдува зошто сè уште изгледа импресивно и на 40 години.
View this post on Instagram
Роналдо лани привлече внимание и со фотографиите од одморот на јахта на југот на Франција, каде што, во друштво на свршеницата Георгина Родригез, ги покажал стомачните мускули и уживал во луксузното бегство од обврските. Комбинацијата од беспрекорна форма и долгогодишна љубов повторно ги воодушеви неговите обожаватели, кои често истакнуваат во своите коментари дека Роналдо изгледа „подобро од кога било“.
View this post on Instagram
Фудбалерот и Георгина се познати по нивниот луксузен стил на живот, особено таа, која секојдневно ги покажува скапите брендови што ги носи, приватните авиони и јахти на своите следбеници на Инстаграм.
View this post on Instagram
